Земјоделците од денеска може да користат нов вид осигурување. Станува збор за уникатно земјоделско осигурување, кој во светот е пракса, а Македонија го воведува прва во регионот. Со него се предвидува фер и навремено обесштетување за секоја култура поединечно според просечниот принос на ниво на општина. Исплатата место со теренска проценка, ќе се врши автоматски. Новото т.н. индексно осигурување стартува со полиси за приносите на есенската пченица и јачменот, а наскоро ќе биде достапно и за пролетната пченка и винското грозје. Развиено е и поддржано од реосигурителната компанија Европа Ре и го нудат единствено домашните друштва.
Земјоделците од денеска може да користат нов вид осигурување. Станува збор за уникатно земјоделско осигурување, кој во светот е пракса, а Македонија го воведува прва во регионот. Со него се предвидува фер и навремено обесштетување за секоја култура поединечно според просечниот принос на ниво на општина.
Исплатата место со теренска проценка, ќе се врши автоматски. Новото т.н. индексно осигурување стартува со полиси за приносите на есенската пченица и јачменот, а наскоро ќе биде достапно и за пролетната пченка и винското грозје. Развиено е и поддржано од реосигурителната компанија Европа Ре и го нудат единствено домашните друштва.
И во овој случај, како што напомена заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, кој го промовира новото осигурување, важи државното субвенционирање кое покрива 60 отсто од трошоците за полисата.
„Индексното осигурување нуди ефикасна заштита на земјоделските посеви од сите видови временски непогоди - суша, поплава, мраз, поројни врнежи, град,..., во него се вградени најнапредните технологии за управување со ризици поради што претставува дополнителна сигурност за производителите“, посочи претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Климе Попоски.
Надица Јовановска Бошковска од Европа Ре, најави дека ке бидат организирани серија трибини за директно запознавање на земјоделците и нивните здруженија со придобивките.
Податоците од Агенцијата за супервизија на осигурувањето покажуваат дека четири отсто од вкупните земјоделски стопанства во земјава купуваат осигурување. Во 2013 година во однос на 2012-та се продадени 52 процента повеќ полиси, а во првата половина од 2014-та во однос на истиот период лани се продадени 40 отсто повеќе полиси за земјоделско осигурување.